Азески избран за претседател на Асоцијацијата на Балкански комори

Бранко Азески / Фото: МИА

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески следната година ќе раководи со Асоцијацијата на Балкански комори, а одлуката ќе биде потврдена следната недела, во Солун.

На седницата, како што соопшти Стопанската комора, ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опркужување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги перспективите на балканските земји да се приклучат на Европската Унија и Еврозоната, како и пршањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.

-Главен фокус во рамки на претседателството на Асоцијацијата на Балкански комори под водство на Азески во следната година ќе биде прашањето за инфраструктурата и поврзаноста помеѓу балканските земји, и на тој начин, активностите на Асоцијацијата на Балкански комори ќе се надоградат на портфолиото на регионалните организации кои во својот обем на активности веќе опфаќаат различни сегменти од регионалната економска соработка (Коморскиот инвестициски форум, Регионалниот Совет за Соработка, ЦЕФТА Секретаријатот и Секретаријатот на транспортната заедница) – се наведува во соопштението.

Асоцијацијата на Балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење.

Асоцијацијата е основана во 1994 година во Романија, со цел создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија, се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно – трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на Комори и стокови берзи на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот