Автомобилските компании планираат да инвестираат 1,2 милијарди долари во електрични возила

Возило на Тесла/ Фото EPA/ERIK S. LESSER

Најголемите светски производители на автомобили планираат да потрошат речиси 1,2 милијарди долари до 2030 година за развој и производство на милиони електрични возила (ЕВ), батерии и суровини за поддршка на тоа производство, според анализата на Ројтерс за јавните податоци и проекции објавени од компаниите.

Износот на планираните инвестиции во електрични возила ги надминува претходните проценки на британската агенција и е повеќе од двојно зголемен во споредба со пресметката објавена пред само една година.

Плановите ги предводи компанијата „Тесла“, чиј главен извршен директор Илон Маск претстави храбар план за изградба на 20 милиони електрични возила до 2030 година, за кој, според проценките, се потребни три терават-часови батерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот