Автомобил удрил во малолетен пешак во Скопје

Сообраќајна несреќа / фото: МИА

Малолетно лице прексиноќа било удрено од автомобил на булеверот „8-ми Септември“ во Скопје, при што било тешко повредено, објави СВР Скопје.

Во 8 минути по полноќ било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Набрзо потоа, во 15 минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на улица„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредена е и 27-годишната сопатничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот