Автодор на Рајковиќ е исфрлен од ФИБА Европа купот

Емил Рајковиќ /Фото: pbcastana.kz

Рускиот кошаркарски клуб Автодор предводен од македонскиот тренер Емил Рајковиќ имаше одлична сезона досега во ФИБА Европа купот, но поради руската агресија врз Украина, Автодор е исфрлен од натпреварувањето.

Го освои првото место во групата „Л“ со учинок од пет победи и еден пораз и четвртфиналниот плеј-оф требаше да игра против романската екипа на Орадеа.

Местото на рускиот претставник ќе го заземе данскиот состав на Бакен Берс кој беше третопласиран во групата „Л“.

Денеска на својот официјален клупски сајт, Автодор објави дека одлуката на ФИБА беше очекувана, но дополнително се покажа сурова.

Тимот ја имаше својата најдобра европска сезона во изминатите неколку години, и пред почетокот на плеј-офот важеше за главен фаворит во ова натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот