Автобуси на линиите 100 и 200 ќе возат до Саемот на книги во СП „Борис Трајковски“

автобус на ЈСП

ЈСП „Скопје“ од денеска до среда, 10 мај, привремено воведе две автобуски линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“ каде се одржува “Саем на книгата 2023”.

– Станува збор за линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, како за користење и на другите линии – информираат од јавниот градски превозник.

Автобусите со број 100 ќе тргнуваат од Ново Лисиче и ќе се движат по следната траса – улица Февруарски поход, па преку булеварите Видое Смилевски Бато, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Кочо Рацин, улица 11 Октомври, улица Димитрие Чуповски, булевар Св. Климент Охридски, булевар Партизански одреди, улица Бледски договор до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Трасата на линијата 200 ќе биде од Дексион преку улиците Црногорска, Кузман Шапкарев иЃорче Петров, п апреку булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот