Автобус удри во жена близу трговски центар во Велес

Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев”, во близина на трговски центар во Велес.

Автобусот со велешки регистарски ознаки, кој удрил во 38-годишната Н.Р. бил управуван од 59-годишниот Т.Р..

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредената имала отворена скршеница на десна подлактица и и била укажана медицинска помош, а поради тежината на повредата со возило на Итна помош била препратена на понатамошно лекување во скопските клиники.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот