Австралијците ги празнат маркетите поради коронавирусот: Закани и кавги за тоалет хартија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Nine News Australia

Стампеда на луѓе кои панично бараат тоалет хартија станаа честа глетка во повеќе делови на Австралија. Во земјата се појави огормен интерес за овој производ, а сѐ поради коронавирусот.

Луѓето поради тоа започнаа и да се однесуваат насилно, а ситуацијата ескалираше на една локација во Сиднеј. Таму една кавга за тоалет хартија за малку не заврши трагично, откако еден од купувачите во паника извадил нож заканувајќи му се на друг купувач.

Според извештајот на локалната полиција, судирот се случил меѓу еден маж и една жена во супермаркет, но, за среќа, во метежот никој кој настанал никој не е повреден.

„Настанала кавга поради тоалет хартија, а некој потоа извадил нож и луѓето започнаа да трчаат наоколу. Сѐ се заврши за неколку моменти, а обезбедувањето веднаш пристапи, а набрзо стигна и полицијата која разговараше со жената“, вели еден сведок на настанот, а пренесува „Метро“.

И покрај апелите на надлежните дека не е потребно да собираат залихи, купувачите не го послушале советот и се појавил недостаток на некои производи. Поради тоа се воведени мерки со кои се настојува да се ограничи потрошувачката на тој производ. На пример, во продавницата во која се случил инцидентот со ножот, како и во останатите продавници на тој ланец на маркети, им се забранува на луѓето да купуваат повеќе од четири пакети по човек.

Изминатите денови се појавија и снимки од некои други маркети, на кои исто така може да се забележи како луѓето панично бараат тоалет хартија.

Полиците на кои се наоѓала тоалет хартијата во продавниците се главно испразнети, а во исто време се појавиле и препродавачи кои го продаваат по далеку повисоки цени. На социјалните мрежи може да се забележи дека ситуацијата е слична и во некои други земји, на пример во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот