Австралија ја ангажира својата армија за спроведување на рестриктивните мерки во Сиднеј

Сиднеј, Австралија / Август 2020 / Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралија ќе испрати стотици војници во Сиднеј за да помогнат во спроведувањето со мерките за ограничување и карантнот.  Од појавата на делта сојот на коронавирусот во јуни, регистрирани се речиси 3.000 нови инфекции и девет смртни случаи.

Војниците на австралиските одбранбени сили ќе поминат обука во текот на викендот пред да започнат со работа на терен в понеделник (2 август).

Карантинот што ќе биде во сила најмалку до 28 август, им забранува на луѓето да ги напуштат своите домови, освен за основни вежби, пазарување, шопинг, нега и други причини.

И покрај петнеделното затворање, продолжува да расте бројот на новозаразени во најголемиот град во Австралија.

Во Австралија денеска се регистрирани 170 новозаразени лица со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот