Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс” отпушта речиси 600 невакцинирани работници

Авион на „Јунајтед ерлајнс“/ Фото: ЕПА

Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс”, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани.

Од вкупно 67.000 вработени во компанијата, помалку од три проценти (околу 2.000 луѓе) побарале да бидат ослободени од обврската поради медицински или верски причини. Над 99 проценти од останатите избрале да се вакцинираат.

– Побаравме од сите наши вработени во САД да се вакцинираат од една едноставна причина: да ја гарантираме безбедноста на нашиот персонал. Вистината е, дека сите се побезбедни кога сите се вакцинирани, и барањата за имунизација функционира, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на компанијата Брет Харт.

За 593 вработени кои не доставиле доказ за вакцинација, компанијата ќе започне процес на отпуштање согласно процедура договорена со синдикатите.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот