Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ашковски: Ја почитуваме Шкендија, но играме дома и се надеваме на триумф!
Македонскиот прволигашки клуб Шкендија со ждрепка во Нион го доби ривалот во второто квалификациско коло на Лига Европа, а наредниот ден и потенцијалниот противник во следната фаза.
Препорачано
Тетовските „црвено-црни“ ќе се обидат да дојдат до поволен резултат, но истите амбиции ги имаат и нивните следни противници на меѓународната сцена, Ботошани од Романија.
За оваа екипа настапуваат двајца наши фудбалери, Стефан Ашковски и Давид Бабунски кои во првото квалификациско коло на ЛЕ го елиминираа претставникот на Казахстан, Ордабаси.
Дуелот помеѓу Ботошани и Шкендија е закажан за 17 септември на теренот во Романија.
– Ждрепката одлучи да играме со Шкендија, мечот ќе биде интересен. Играме на домашен терен и се надеваме на победа, но секако ја почитуваме Шкендија – ни изјави играчот на романскиот клуб Ботошани, Ашковски.
Во новата натпреварувачка сезона 2020/21 во најсилниот романски шампионат Ботошани стартуваше со две победи над Аргес (2:3) и Поли Јаши (4:0).
– Задоволен сум од настапите, тука во клубот е и Давид Бабунски. Имаме одличен тим и се надеваме дека оваа сезона ќе ја завршиме подобро отколку претходното четврто место – додаде Ашковски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
23мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5