Асфалтирани последните 800 метри квадратни на улицата Малешевска

Фото: Општина Кисела Вода

Завршува асфалтирањето на вториот дел од улицата Малешевска во општина Кисела Вода, која 40 години не беше реконструирана.

Завршена е реконструкцијата на последните 800 квадратни метри. Улицата добива и нови тротоари поплочени со павер елементи, како и нови рабници. Со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во населбата Драчево, се подобруваат условите за живеење на сите жители од овој дел на општина Кисела Вода – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој најави дека инвестициониот циклус во насока на подобра инфраструктура продолжува низ сите месни и урбани заедници со цел да се постигне рамномерен регионален развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот