Арсовски: Војната во Украина ќе ги забрза евроинтеграциите на Македонија

петар арсовски, утрински брифинг
Петар Арсовски, аналитичар / фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Евроинтеграциите на Македонија ќе се забрзаат заради војната што Русија ја почна во Украина, затоа што во такви услови Европа не може да си дозволи повеќе безбедносни ризици, оценува аналитичарот Петар Арсовски, во врска со влијанието што овој судир ќе го изврши брз македонско-бугарскиот спор и блокираните преговори за членство.

– Меѓународната заедница не сака да има премногу отворени кризни точки, па со отворањето на големата кризна точка со оваа војна во Украина, секако ќе настојуваат да ги затворат останатите. Во Европа тоа се Балканот и балтичките земји, каде што е можно да се очекува следната агресија од Русија. На Балканскиот Полуостров кризните точки се Босна, Косово и македонско-бугарскиот спор. Во Босна веќе испратија дополнителни мировни сили, а во Косово, Македонија и Бугарија останува да се притиска за што побрзо решение. За Косово ќе се притиска Србија, а за македонско-бугарскиот спор силен притисок ќе трпат и двете страни, па кој прв ќе попушти, ќе помине полошо – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Според него, не може да се очекува дека ќе ѝ се удоволи на Бугарија за сите нејзини барања, затоа што решението мора да биде со такви вредности што ќе помине во Европскиот Парламент.

– Пристапот мора да биде таков да не се поминуваат европските црвени линии. Преговарачката рамка мора да ја усвојат сите земји-членки на ЕУ, а мора да ја усвоиме и ние. Нема да ни биде наметнато катастрофално решение, затоа што и ние ќе мора после да живееме со тоа решение, а секако нема да го прифатиме ако се преминати нашите црвени линии – вели Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот