Арсовски: Власта посегнува по европското знаменце за да избегне блокади

петар арсовски, утрински брифинг
Петар Арсовски, аналитичар / фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Го злоупотребува ли власта европското знаменце или бурните реакции и недозволувањето да почнат комисиските расправи се дел од опозициската стратегија за целосна блокада на Собранието? Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека станува збор за мешавина од двата фактори.

-Власта има мнозинство во Собранието и во прнцип би требало без проблем законите да поминуваат во комисиите и на пленарните седници. Кога власта не би била блокирана од опозицијата во повеќето комисии таа не би била мотивирана да става европско знаменце на закони. Власта за да избегне расправа која би траела во недоглед или пак целосна блокада на законите посегнува по европското знаменце, бидејќи во тој случај за законот се расправа најмногу три дена.  Ситуацијата произлегува поради недостаток на полиитички дијалог и на политичка култура помеѓу власта и опзицијата. За тоа, поголема е одговорноста на власта која треба да направи ситуација на инклузивност. Мора да се дискутира за отворените теми дури власта и опозицијата да не се согласуваат. Власта посегнува по европското знаменце за да избегне блокади. Но, тоа е само симптомот, мора болката да се решава – вели Арсовски.

Тој додава дека стратешкки интерес на опозицијата е да го блокира Собранието, но власта мора да најде начин да ја вклучи опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот