Арсовска: Новите директори треба да бидат со интегритет, а не преку нив да се исполнуваат нечии политички амбиции

Данела Арсовска градоначалник на Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Новите директори на петте јавните претпријатија ќе се изберат во законски предвидениот рок и тоа ќе бидат луѓе кои со интегритет ќе ја извршуваат својата функција и ќе ги реализираат проектите од интерес за граѓаните. Ова е одговорот на градоначалничката Данела Арсовска за тоа кога ќе се постават нови директори на јавните претпријатија кои во моментот се без вршители на должноста, откако претходните дадоа оставка или беа разрешени.

Градот ќе функционира како и досега, но јас верувам дека со личности кои ќе имаат повеќе интегритет од овие за кои видовме дека единственото нешто што ги интересира се политички мотивирани заднини и самите во свои изјави доволно кажаа за она што се случуваше во изминатиот период, малку контрадикторно – од една страна имале целосна слобода да реализираат бројни проекти што ги набројуваат, а од друга страна кажуваат за накаков недостиг на комуникација. Јас немам намера да коментирам ништо врзано со тоа, верувам дека на граѓаните им е јасно, тие беа таму да си ја работат својата работа, да си ја работам одговорно и чесно и доколку нивните партиски лидери се оние кои треба да им диктираат како да постапуваат, јас морам да кажам дека тоа е голема штета за граѓаните кои очекувале од нив нешто повеќе – вели Арсовска.

Таа објасни дека претпријатијата ќе продолжат да функционираат, дека има законски рокови во кои се она што треба да биде завршено ќе биде завршено и постапено и во интерес на граѓаните ќе се продолжи со проекти.

 Сите тие луѓе треба да бидат луѓе кои и понатаму одговорно и чесно, со интегритет ќе ја извршуваат својата функција, да не слушаат луѓе коишто сакаат преку нив да си ги исполнуваат своите политички амбиции и верувам дека ќе го постигнеме тоа во наредниот период и дека резултатите ќе бидат евидентни – тврди Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот