Арсовска: На секое барање на граѓаните ќе се одговори во рок од 24 до 72 часа

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Градската администрација ќе биде отворена за граѓаните кои ќе може да побараат услуга од градот и по завршувањето на работното време. Градот ќе има обврска во рок од 24 – 72 часа да даде одговор на секое барање независно дали е надлежен или не за решавање на проблемот. Ако не е одговорен, тогаш ќе има обврска да достави барање во име на граѓанинот до надлежната институција и да го информира каква е понатамошната процедура, истакна на денешната прес-конференција независната кандидатка за градоначалничка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Таа додаде дека процедурата за одговор е да има одговор преку електронски пат, телефонски повик или смс.

Арсовска најави и целосна дигитализација на услугите на граѓаните кои ќе имаат и директна можност да се обратат до градоначалникот кој мора да има време за нив.

– Нема да постои затворена врата за граѓаните. Администрација платена од граѓаните мора да биде во служба на граѓаните. Но, таа администрација мора да биде и мотивирана да работи подобро и поефикасно. Затоа ќе се воведе принцип на бодување по успешни проекти и завршени случаи, посочи Арсовска.

Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје, е едно од заложбите Арсовска во нејзината програма за брзи и ефикасни решенија на град Скопје.

– Ќе побараме од Комисијата за антикорупција, да создадеме програма за системско решение за спречување корупција во сите градски претпријатија, установи и училишта. Ќе постои Омбудсман одговорен за пријавите за корупција и прекршување на правата на граѓаните. Системски решенија мора да има”,порача Арсовска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот