Арсовска и Јовановска, единствени жени кои ќе раководат со локалните самоуправи

Данела Арсовска и Жаклина Јовановска
Данела Арсовска и Жаклина Јовановска / Фото: МИА

Данела Арсовска и Жаклина Јовановска се единствените жени кои ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје.

Град Скопје првпат доби градоначалничка, откако независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов, кој раководеше со Градот во изминатите четири години.

Вчера победи и Жаклина Јовановска, која и досега беше градоначалничка на Старо Нагоричане.

Според родовата застапеност, од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2021, 91,64 проценти беа мажи, а само 8,36 отсто жени.

На овие локални избори имаше 572 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.532 кандидати, од кои 55 проценти беа мажи, а 45 проценти жени.

Се уште нема анализа на податоците за бројот на жени советнички во советите на општините и во Градот Скопје, а од ДИК најавија дека со такви податоци ќе излезат по конечното завршување на изборниот процес.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот