Арсовска до Шилегов за загадениот воздух: Остави сѐ на ветерот како системска мерка

Данела Арсовска и Петре Шилегов
Данела Арсовска и Петре Шилегов/ Фото монтажа: Златко Зец

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, вели дека нејзиниот претходник Петре Шилегов нема право да се жали на загадениот воздух, откако тој синоќа реагираше на социјалните мрежи.

Сензорите кои ги мерат штетните честички во главниот град отидоа во виолетова фаза. Покажаа три до четири пати повеќе од дозволеното.

– Тоа не би смеело да си го дозволи. Скопје има највисока ставка на загадување во Европа, а тој да коментира за нешто четири години има можност, остави сѐ на ветерот како системска мерка. Град Скопје презема цел сет комплементарни мерки да придонесе за тоа да не се соочуваме со загадениот воздух како што се соочувавме до сега, вели Арсовска.

Таа додаде дека Град Скопје отпочнал со темелно чистење на дивите депонии и за првпат има драконски казни за тие што го загрозуваат животот на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот