Апостолоски: Се` уште има македонски државјани на боиштата во Сирија и Ирак

Златко Апостолоски/ Фото Влада
Златко Апостолоски/ Фото Влада

Во државата до сега се вратени околу 76 лица-македонски државјани борци на ИСИС и сопругите на петмина од нив, со 14 деца. Додека 20 до 30 повратници се` уште се наоѓат по затворите.

Златко Апостолоски, национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во изјава за „Слободен печат“ потврдува дека се` уште има наши државјани кои се останати во воените жаришта во Сирија и Ирак, но не знае колкава е таа бројка.

– Граѓани кои беа во воените зони секако дека претставуват некаков ризик за општеството со оглед на тоа што учествувале на воени дејства и земале активно учество таму. Но, тие после отслужување на казната затвор се третират како слободни граѓани, врз основа на доброволност може да се вклучат во националниот план за ресоцијализација и реинтеграција. Ако се вклучаат во социјалниот план може да користат некои социјални бенифити со тоа што ќе се вклучат во проектот за ресоцијализација и реинтеграција, кој вклучува и психо-социјална поддршка, а преку Агенцијата за вработување може да влезат во проектите за вработување, како и социјална помош од друга природа, вели Апостолоски.

Тој нагласи дека бизнис заедницата за да ги вработи повратниците од воените жаришта од блискиот Исток бара одредени гаранции.

– Ние имавме еден работен состанок со бизнис заедницата и нормално е секој да бара одредени гаранци за безбедноста. Кога ќе се согледаат сите аспекти добро е да им се укаже помош и на тие луѓе да им се даде шанса да се вработат. Може да ги користат и државните субвенци што се нудат преку Агенцијата за вработување, и нема да имат никакви пречки од аспект на тоа што биле и излегле од затвор, нагалси тој.

За жените повратници од воените жаришта од Сирија и Ирак не се обезбедени докази дека учествувале во војните дејствија, и затоа тие се вратени во нивните семејстава.

– Има 14 деца повратници. Содветно на нивната возраст се вклучени во образовниот процес, посетуваат настава, но има засилен мониторинг од психолошки аспект. Се согледува дали позитивно или негативно делува средината кај што се, дали тие се обидуваат да ја шират таа нивна фрустрација што ја имаат стекнато во зоните на воени дејства во Ирак и Сирија, и сите тие се под мониторинг. Но, не под мониторинг од типот да се врши стигматизација, туку мониторинг во смисла како се однесуваат со другите соученици, информира Апостолоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот