Апелација ќе го разгледува барањето на Боки 13 да се брани од слобода

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во Апелациониот суд ќе се одржи јавна седница на која ќе го разгледува барање на одбраната на Борјан Јовановски познат како Боки 13 за укинувањето на мерката притвор.

Како првоосомничен во случајот “Рекет” претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Инаку тој се уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, а досега изврши само увид во доказниот материјал.

И адвокатите на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот Рекет, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација од три стана за да излезе на слобода.

Од тројца осомничени за „Рекет“ едниствено во домашен притвор е второосмничениот Зоран Милевски – Кичеец кој два пати беше во Обвинителството на распит.

Тие се товарат дека зеле 1,5 милион евра од Камчев со ветување дека ќе биде ослободен од обвинение за случајот кој го отвори СЈО „Империја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот