Апел за помош: Изгоре куќата што требаше да му го спаси животот на Дејан

На трагедиите на семејството Наумовски им нема крај.

Додека Дејан кој боледува од тумор на THYMUS жлездата е на лекување во Турција, во семејната куќа на улицата „Црногорска“ во Ѓорче Петров избувна пожар. Куќата изгоре речиси до темел. На семејството итно им е потребна финансиска и материјална помош.
Ова семејство навистина има потреба од помошта на хуманите граѓани.

Да бидеме хумани.

Куќата пред да се запали била во одлична состојба, а родителите на Дејан ја дале и на продажба, со цел да обезбедат финансиски средства за лекувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот