Антовски од Динамо Загреб на позајмица во Славија

фото: facebook.com/filip.antovski.7

Како што информираат бугарските медиуми, македонскиот лев бек во текот на вчерашниот ден беше дел од првата тренинг сесија во редовите на Славија Софија.

Филип Антовски една година ќе игра за бугарската екипа како позајмица од редовите на Динамо Загреб.

Воглавно во Хрватска настапуваше за вториот тим на „модрите“ во младинската Лига на шампионите.

Пред да се пресели во Динамо минатото лето, нашиот млад играч ги бранеше боите на Вардар.

Антовски пред два дена се најде на списокот играчи кај селекторот Благоја Милевски за новите натпревари на младата У21 репрезентација во квалификациите за ЕП против Шпанија на 3 септември и пет дена подоцна против Фарски Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот