АНКЕТА: Редици пред матично за извод, пола од вработените се во самоизолација

Редици граѓани со денови чекаат ред за да извадат извод од матичната книга на родени, умрени или венчани. Ваквата слика се повторува секојдневно веќе неколку месеци. Што е причината за бавното работење на службата и создавањето на гужви, прашавме во Управата за водење на матични книги од каде што посочија дека метежот се создава како резултат на преполовениот персонал кој и е на расплагање на управата.

-Вработените се обидуваат на сите граѓани да им ги обезбедат потребните документи, но свесни сме дека тоа оди бавно. Работиме со преполовен кадар како резултат на решенијата за самоизолација и боледувањата на вработените. Не сме оптимисти дека нешто ќе се промени и дека службата ќе работи побрзо, се додека не се подобри ситуацијата со Ковид-19 тешко ќе може да се намали гужвата. Приморани сме во објектот да пуштаме само по еден подносител на барање, за да спречиме ширење на вирусот, објаснува Катерина Битровска, портпарол на Управата за водење на матични книги.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За издавање на извод може да се аплицира и електронски, но голем дел од граѓаните ја избегнуваат оваа опција со изговор дека е премногу комплицирана.

-Секако дека апликацијата мора да биде комплицирана, не може да биде едноставно како плаќање сметки онлајн. Со таа апликација се вади личен документ, мора да се увериме во веродостојноста на подносителот. Ако пријавувањето е лесно, би можело да биде подложно и на правење кривични дела, на пример може некој да се сети да земе кредит на друго име, вели Битровска.

Таа потсетува дека граѓаните мораат да бидат многу внимателни при поднесувањето пријава, бидејќи дури и при најмала грешка од една буква системот ги отфрла апликациите, и тогаш задолжително е лично присуство при поднесувањето, што пак резултира со пролонгирање на издавањето на документот.

Екипата на Слободен печат денеска беше присутна пред Матично, и поразговара со неколкумина кои повеќе часови чекаа за да бидат примени.

За изготвување на личниот документ се чека од седум до десет работни дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот