Ангеловска: Најважен капитал е човечкиот капитал и таму ги алоцираме средствата

За 28 отсто повеќе се предвидени средства за инвестиции во образованието во Предлог-буџетот за 2020 година, споредбено со завршната сметка од 2016 година, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот во Собрание.

-Според завршната сметка за 2016 година, буџетот за образование бил 22 милијарди денари, сега е 28,3 милијарди денари. Тоа е за 28 проценти раст на инвестициите во делот на образованието. Во договорни услуги треба да имате предвид дека влегуваат и учебниците. Во 2016 година 118,9 милијарди денари бил буџетот за основните три столбови за градење на човечкиот капитал – образование, социјална заштита, здравство. Во 2020 – 154,6 милијарди денари. Се гледа колку повеќе се инвестира во трите основни столбови на човечкиот капитал. Сметам дека луѓето се приоритет, дека луѓето се клучни, дека луѓето ги прават државите и дека ние сите заедно во оваа просторија и сите граѓани во оваа земја и сите работници, ќе кажат каква ќе биде нашата економија. И тоа ќе зависи од нивната напорна работа, од нивната мотивација, од нивните знаења, од нивното образование. И затоа велиме најважен капитал е човечкиот капитал и таму ги алоцираме средствата – рече Ангеловска.

Со буџетот за 2020 година предвидено е покачување на платите на просветните работници. Како што кажа, кадрите се најважен ресурс во образованието и треба најдобрите да се задржат во јавниот сектор. Во буџетот предвидени се и средства наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот