Ангелов: Голем пожар во атарот на скопско Зелениково

Фото: ЦУК

Голем пожар во Општина Зелениково помеѓу селата Вражани и Моране, гори висока сува трева, нискостеблесто деградирано, смрека и млада дабова и габерова шума.

-Екипи на БППЗ Скопје со возила се на терен, но еден крак од пожарот е веќе пројден на висок и непристапен терен. Поради теренската проценка која укажува дека е неопходна воздушна подршка, испратен е еден хеликоптер на МВР да помогне во гаснењето на пожарот- вели директорот на ЦУК- Сојанче Ангелов.

Тој информираше дека три ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување од 11:00 до 14:20 часот во три налети дејствуваа, а со тоа пружија воздушна подршка на силите Ј.П ,Национални шуми, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на 01.10.2023 година во 16:25 часот, на отворен простор во месноста викана Ламја над с. Горно Јаболчиште. Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока (голосек со голема количина суви гранки и висока трева), а поради силниот ветер оганот бргу се шири кон висококвалитетна шима.

Во моментов пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречувањре на евентуална можноста за негово реактивирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот