Американските војници со истрели ја смируваа толпата на аеродромот во Кабул

img alt
Авганистанци се качуваат на авион на аеродромот во Кабул / 16 август 2021, Кабул, Авганистан / Фото: Wakil Kohsar / AFP / Profimedia

Американските сили кои го одржуваат редот на аеродромот во Кабул и го контролираат процесот на евакуација од Авганистан, денеска на неколку пати употребија огнено оружје за да го стават под контрола неконтролираното однесување на толпата.

Британските медиуми наведуваат дека претставникот на Пентагон, Џон Кирби, денеска потврди дека засега ништо не укажува дека во пукањето има загинати или повредени, како и дека американските војници не пукале ниту на Авганистанците, ниту на било кој друг.

Кирби потврди дека бројот на американски војници на аеродромот во Кабул денеска достигна 4.500, како и дека во следните 24 часа се очекува да пристигнат уште неколку стотици припадници на американските вооружени сили.

Талибанските власти одделно денеска потврдија дека нивните команданти и војници пукале во воздух за да ја растераат хаотичната толпа на аеродромот во Кабул.

– Немаме намера да повредиме никого, изјави талибански претставник за британските медиуми, потврдувајќи дека хаосот продолжува и надвор од аеродромот, обвинувајќи ги западните сили за „хаотичното спроведување на евакуацијата” од Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот