Американски владини агенции погодени во глобален кибер напад

Сајбер напад / Фото: МИА

Неколку американски федерални владини агенции, меѓу кои и Министерството за енергетика, се погодени во глобален кибер-напад од руски сајбер-криминалци кои ја искористиле ранливоста во широко користен софтвер за пренос на датотеки, изјавија официјални лица, јави Си-Ен-Ен.

Американската агенција за кибер безбедност и безбедност на инфраструктурата „обезбедува поддршка за неколку федерални агенции кои доживеале упади кои влијаат на нивните апликации MOVEit“, рече Ерик Голдстајн, извршен помошник директор на Агенцијата. – Работиме забрзано за да ги разбереме влијанијата и да обезбедиме навремена санација, истакна тој во изјава за Си-Ен-Ен.

Хакерите искористиле безбедносен пропуст во програмата MOVEit TRANSFER и ги „компромитирале“ податоците во две структури на Одделот за енергетика, се вели во извештајот.

Засегнатите организации во рамките на одделот се универзитетскиот конзорциум „Oak Ridge Associated Universities“ (Универзитети Oak Ridge) и Pilot Plant за изолација на отпад – локација во Ново Мексико за отстранување на нуклеарниот отпад од одбранбениот сектор.

Цел на нападот бил и Шел, Универзитетскиот систем на Џорџија (чадор организација на различни универзитети во државата Џорџија), Универзитетот Џон Хопкинс и здравствениот систем Џон Хопкинс, според пораките објавени од трите организации.

Познато е дека Клоп, групата за која се претпоставува дека е одговорна за нападот, вообичаено бара откуп од повеќе милиони долари. Но, засега не се поднесени барања за откуп од федералните агенции, изјави висок американски функционер, јави Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот