Американците за празниците годинава повеќе пазареле со помош на онлајн понуди и попусти

Пазарење за празниците во САД / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Американската малопродажба годинава е повисока во претпразничниот период за разлика од 2022 година, открива Мастеркард, истакнувајќи дека граѓаните се фокусирале на поволни онлајн понуди и попусти кон крајот на шопинг-сезоната.

Во периодот од 1 ноември до 24 декември потрошувачката пораснала за 3,1 отсто, пресметале во Мастеркард. Во истиот период лани таа скокнала за 7,6 отсто.

Бројката се заснова на продажната активност во платежната мрежа на Мастеркард и проценките добиени од анкетите за готовина и не е приспособена за инфлацијата.

Продажбата на мало преку интернет порасна за 6,3 отсто, по 10,6 отсто растот кој беше забележан во 2022 година. Во физичките продавници е зголемена за 2,2 отсто.

Пред празниците граѓаните најмногу трошеле на облека, според порастот за 2,4 отсто. Продажбата на накит и електроника падна за два отсто, односно за 0,4 отсто.

Во услужниот сектор се истакнаа рестораните, при што прометот е зголемен за 7,8 отсто.

„Потрошувачите купуваа многу внимателно оваа празнична сезона“, рече Мишел Мајер, главен економист во Економскиот институт на Мастеркард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот