Американците соборија „неидентификуван летечки објект“ на голема височина над Аљаска

Засега неидентификуван летечки објект, кој летал на голема височина над американската држава Аљаска, бил соборен од ловци на американското воено воздухопловство, соопштија властите.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби рече дека објектот бил „со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област во моментот кога паднал. Воен пилот се доближил до авионот и се уверил дека во леталото нема екипаж, а оваа информација ја имал претседателот Џо Бајден кога ја дал наредбата објектот да се собори.

„Претседателот Џо Бајден донесе одлука да го собори објектот од непознато потекло“, рече Кирби.

Мминатата сабота САД соборија кинески шпионски балон над нивните територијални води, по што го обвинија Пекинг за масовна програма за шпионирање со балони во 40 земји низ целиот свет.

Говорејќи во Белата куќа, Кирби рече дека новиот објект над Алјаска се движел на височина малку поголема од 12.000 метри и можел да претставува закана за цивилните авиони.

Тој додаде дека површината на остатоците од овој нов објект е „многу, многу помала од балонот соборен минатата недела во близина на брегот на Јужна Каролина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот