Алжир има план за надминување на кризата во Нигер

Нигер протест / Фото EPA-EFE/ISSIFOU DJIBO

Шефот на алжирската дипломатија, Ахмед Атаф, предложи шестмесечен транзициски план за соседен Нигер, каде пучистите бараат подолга временска рамка за враќање на демократијата.

Министерот вчера предложи шестмесечна преодна фаза за да му даде шанса на Нигер да го врати „уставниот и демократскиот поредок“.

Лидерот на пучистите во Нигер, генералот Абдурахман Тијани, од друга страна, побара тригодишен преоден период.

Шефот на алжирската дипломатија повтори дека Алжир се противи на воена интервенција во Нигер, додавајќи дека воздушниот простор на неговата земја нема да се користи за таква акција, пренесува „Франс 24“.

Атаф го претстави својот предлог по минатонеделната посета на три соседни земји на Нигер, членки на Економската организација на западноафриканските држави –ЕКОВАС.

ЕКОВАС претходно соопшти дека се подготвени воено да интервенираат во Нигер доколку, како што наведоа, не се врати демократијата во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот