Алушовски: Никого нема да потцениме, планот е пласман во Топ 8

фото: РК Вардар

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, смета дека неговиот тим доби тешка група во Лигата на шампионите но дека целта на „црвено-црните“ е пласман во наредната фаза и нема да биде потценет ниту еден противник, како и што нема на никого да се даде преголем респект.

– Имаме исклучитечно тешка група во која нема лесен противник, тука секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некаков фаворит но останатите екипи се со исти шанси. Знаеме дека нема да има лесен натпревар, ние ќе одиме чекор по чекор за да ја оствариме главната цел – пласманот во Топ 8 екипи. Нема да потцениме некого ниту пак ќе прецениме – рече Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот