„Алкалоид“ нов партнер на македонското такевондо

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Денес македонската такевондо федерација доби нов официјален спознор и тоа од компанијата Алкалоид.

На прес-конференцијата присуствувсаа претседателот на федерацијата, Борче Костовски, олимпиецот, Дејан Георгиевски и првиот човек на „Алаклоид“, Живко Мукаетов. Договорот кој го потпишаа двете страни е на најмалку две години.

„Благодарност до Алкалоид и до Живко Мукаетов, би сакам да напоменам дека нашето таеквондо во последната година бележи страшни резултати, несоодветни за македонското спортско поднебје. Покажавме дека со страст и работа не постои ништо невозможно. Годинава пред нас се уште неколку силни турнири, ова а предолимписка година и заслижуваме голема државна помош бидејќи се бориме за најмалку една олимписка норма“, изјави Костовски.

Свој збор имаше и олимпиецот Дејан Георгиевски.

„Навистина ми е мило што денес сме собрани тука да потврдиме дека македонското таеквондо е сериозна приказна. Благодарност до Алкалоид на големата поддршка. Можам да ветам дека ќе работиме напорно за повторно да ја израдуваме македонската јавност“, изјави Георгиевски.

Задоволство од соработката истакна и Мукаетов.

„Алкалоид како општествено одговорна компанија дава придонес за јакнење на македонската нација по сите основи. Ние го препознавме тоа што го работат овие млади амбициозни луѓе. Чест ни е што ќе бидеме дел од тимот што ќе се бори за успеси на Македонија. Среќен сум кога ќе видам луѓе што работат заедно максимално посветено и упорно“, изјави Мукаетов.

ИНТЕРВЈУ – Дејан Георгиевски: Сакам да донесам медал од Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот