Александар Трајковски се враќа во Серија А?

Фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Eден од најдобрите македонски фудбалери Александар Трајковски би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Последната сезона Трајковски ја одигра во Саудиска Арабија, а според последните информации сериозен интерес за македонскиот напаѓач покажала екипата на Џенова.

Трајковски добро го познава италијанскиот фудбал бидејќи во 2015. година беше дел од италијански Палермо од каде што замина за Мајорка, па дански Алборг кој беше негов последен европски клуб пред да заигра во Саудиска Арабија.

Дресот на Џенова во минатото го носеше и Горан Пандев кој помина шест години во овој клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот