Албанскиот претседател во Дебар, на подарок доби дрес од ФК „Кораби“

Албанскиот претседател Илир Мета денеска престојува во Дебар по повод одбележување на 111-годишнината од Дебарскиот конгрес. Тој на средбата со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука истакна дека најприритетно нешто е да се сочува соживотот меѓу Албанците и другите етнички заедници тука, но и да се прдонесе за економскиот развој.

На средбата, освен градоначалникот Дука и Мета, присуствуваше и албанскиот амбасадор во Скопје, Фатос Река.

Во салата за состаноци Дука и Мета се обратија пред членовите на Советот на општината, на чиј почеток добредојде на Мета му посака претседателот на Советот, Башким Машкули.

-Чест ни е што не удостовите со вашето присуство на одбележувањето на овој значаен историски настан за албанскиот народ. Вашето присуство го збогатува одбележувањето и го зголемува значењето на настанот. Со одржувањето на дебраскиот конгрес поставени беа рамките на незвисноста на албанската држава,која подоцна, во 1912 година беше прогласена, рече меѓу другото градоначалникот Дука.

Големо задоволство што денеска присуствува на одбележувањето на овој настан изрази и претседателот Мета, додавајќи дека овој голем настан од албанската сторија бил претходник на Националното Собрание на кое на 28 ноември 1912 година во Валона е прогласена независноста на Албанија.

Тој зборуваше и за придонесот на Дебар и дебрани во многу значајни моменти, настани и случувања од периодот на Скендербег и наваму, по што се задржа на, како што рече, најприоритетните нешта.

-Најприритетно нешто е да го сочаме соживотот меѓу Албанците и претставниците на другите етнички заедници тука, да прдонесеме за економски развој, што ќе значи отворање нови работни места а со тоа и здржување на младите во родниот крај. Депопулацијата, како овде, така и во Албанија е болно прашање,на кое треба да му ставиме крај. Евронтеграците за двете земји се од огромно значење,за што се надеваме дека ќе има позитвен тек, рече Мета.

Посочи дека посебно значајно во овој актуелен момент е заштитата на здравјето на граѓаните, за што двете земји разменуваат искуства и доколку е потребно и помош. -Животот вреди најмногу од се, порача Мета.

Потоа фудбалскиот клуб „Кораби” му даруваше дрес и го поканија да присуствува на 100 – годишнина од неговото формирање, што ќе се одбележува до година, на што Мета рече „ете повторно ќе се видиме во Дебар”.

Инаку, одбележувањето на 111- годшнната на Дебарскиот Конгрес е во организација на општина Дебар и дебарската заедница од Тирана.

Во рамки на одбележувањето попладнево ќе биде одржана свечена академија на која поздравен збор освен Дука и Мета, ќе имаат и собранскиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За овој настан ќе зборуваат академици од Северна Македонија и од Албанија.

Дебарскиот конгрес, уште наречен заеднички албанско-османлиски уставен конгрес, се одржал од 23-29 јули 1909 година во Дебар а за претседател на Конгресот бил избран ефенди Вехби Дибра, муфтија на дебарскиот санџак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот