Албанската православна црква го призна „охридска“ во името на македонската, вели дека МПЦ-ОА нема надлежност вон границите на С. Македонија

Фото: orthodoxalbania.org/

На официјалната страница на Православната автокефална црква на Албанија денеска е објавено соопштение коешто се однесува на македонското црковно прашање, објави Бигорски манастир на својата веб-страница, пренесе МИА.

„Светиот синод на православната автокефална црква на Албанија (КОАШ), на вчерашната седница, под претседателство на неговото блаженство архиепископот Анастасиј, повторува дека со задоволство ја поздравува одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија од минатиот мај 2022 година, дека „таа ги прифаќа во евхаристиска заедница јерархијата, свештенството и мирјаните на црквата под архиепископот Стефан“, пишува во објавата.

Се додава дека „како име на оваа црква го признава ‘охридска’ (што значи дека областа на нејзината јурисдикција се наоѓа само во границите на територија на државата Македонија).

„Во меѓувреме, албанската православна автокефална црква ќе продолжи со практиката да не дава јавни изјави, во очекување на исполнувањето на потребните црковни процедури. Наполно согласна дека со гореспоменатата одлука, нашироко прифатлива, се исцели раната на постојниот раскол и дека мирот и единството на целата полнота се обезбедени, таа го чека дефинитивното регулирање на статусот на автокефалност и точното име на новата помесна Црква, доделена од надлежниот свештен центар на Вселенската патријаршија”, се наведува во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот