Албанската полиција ги отфрли обвинувањата на Бериша дека напаѓачот бил полициски агент

Фото: Profimedia

Генералниот директор на албанската државна полиција, Мухамет Румбулаку, ги отфрли обвинувањата на поранешниот премиер Сали Бериша дека 31-годишниот Герти Шеху, кој го удрил, бил агент на криминалистичката полиција.

Румбулаку рече дека Шеху никогаш не бил полициски агент и никогаш не бил користен како инфилтратор.

„Во врска овој дел од изјавата на Бериша појаснуваме дека лицето Герт Шпетим Шеху никогаш не бил и не е агент во овој сектор, како и во ниту која било од структурите на државната полиција. Тој никогаш не бил користен како инфилтратор од полицијата“, рече Румбулаку.

Тој, исто така, нагласи дека документот кој покажува дека лицето боледува од ментални здравствени проблеми, им бил достапен на медиумите од самите членови на семејството.

„Документот дека е ментално болен го дале самите членови на неговото семејство. Државната полиција најостро ги осудува овие изјави. Го уверуваме пратеникот Бериша дека државната полиција во соработка со Обвинителството ќе работи на расветлување на инцидентот“, посочи тој.

Бериша обвини дека лицето што го нападнало е агент на криминалистичката полиција и оти се користи како инфилтратор, дека не верува дека е психички болен, дека документот е лажен и оти ” се е добро испланирано од премиерот Еди Рама”

ВИДЕО: Сали Бериша доби бокс на протестите во Тирана, напаѓачот претепан и приведен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот