Албанците трошат 147 евра од жител за облека

облека

Граѓаните на Албанија и Косово имаат најниски годишни трошоци по глава на жител за облека и обувки, покажуваат податоците на Евростат. Колку помалку расположлив приход, толку е помало трошењето на потрошувачите за несуштински добра, поттикнувајќи купување на евтини производи.

Според податоците на Евростат, номиналните расходи по глава на жител на албанските граѓани во 2021 година биле 147 евра, што е многу пониско од просекот на Европската унија од 681 евра.

За Косово податоцитеод 2020 година се 130 евра по жител.

Сите земји од регионот, кои се и најсиромашни во Европа, помалку трошат на облека, каде што највисоко е забележано во Црна Гора, со 348 евра по глава на жител годишно.

Вкупно, трошоците за облека и обувки во Албанија за 2021 година, според Евростат, биле 413 милиони евра.

Европскиот рекорд за облека го држат Норвежаните, Австријците и Данците, со над 1.000 евра по глава на жител годишно, под влијание и на високите цени на облеката во овие земји, но не заостануваат ниту Италијанците (943 евра), кои , иако не се толку богати што нордиските земји трошат многу за облека, како да ја „оправдуваат“ перцепцијата дека се центар на модата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот