Активистката Драгана Велковска повторно бара разрешување на директорката на „Лајка“

Активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје Драгана Велковска, денеска повторно побара разрешување на директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска. Како што се вели во соопштението упатено до медиумите, таа испратила и Претставка до Агенција за храна и ветеринарство за незаконско работење на стационарот.

Протест пред „Лајка“: Здруженијата за заштита на животни побараа итна оставка од директорката

Како што вели Велковска, неподобни лица се назначени да решаваат важни прашања, а како резултат на тоа во Скопје ни за илјада години нема да се намали бројот на бездомни животни на улиците.

ВИДЕО | Трпковска од „Шепасти ентузијасти“: Ја подигнавме свеста кај граѓаните, но потребна е помош и од државата и од ЈП „Лајка“

– Воспоставувањето контрола врз бројот на бездомни животни подразбира работење во согласност со законот, унапредување на законите во склад со најновите научни податоци и искрена посветеност на етички и хуман третман на животните. Ефективното, но најважно од сè, хумано справување со бројот на бездомните животни е многу важен приоритет за жителите на Скопје, вклучително оние кои не се љубители на животни. Крајно време е вистинските луѓе да ги заземат вистинските места. Поставувањето на неподобни кадри е на штета и на луѓето и на животните, се вели во барањето на Велковска.

ВИДЕО | Петрушевска: Оние кои пробуваат да си играат со чувствата на љубителите на кучиња да не го прават тоа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот