Фото: Фејсбук / Орце Ѓорѓиевски

Ако стане градоначалник, Ѓорѓиевски во кабинетот ќе воведе „посебен советник за угостителство“

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретнал со угостителите од општината Карпош, заедно со кандидатот за градоначалник на владејачката партија за скопската општина, Сотир Лукровски.

Според соопштението откај Ѓорѓиевски, на средбата се разговарало „отворено за предизвиците со кои се соочува угостителскиот сектор, како и за можностите за негов развој“. Ѓорѓиевски, извести неговиот изборен штаб, пред угостителите изнел неколку ласкави епитети за кафеанџиите, нарекувајќи ги „моторот на градската економија и дел од пулсот на Скопје“ и им ја ветил својата поддршка.

„Секоја идна одлука ќе биде резултат на заемен дијалог, разбирање и интерес за сите засегнати страни. Нашиот град заслужува да биде полн со енергија, младост и креативност, а тоа е возможно само со силна поддршка и партнерство со угостителите“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во неговиот кабинет во Град Скопје ќе биде назначен посебен советник за угостителство, избран од самите угостители, кој ќе биде мост меѓу нив и градската администрација.

„Заедно ќе градиме политики и решенија за подобар ноќен живот и посилна угостителска сцена“, додаде Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот