Ахмети: Со СДСМ не сме разговарале за промена на изборниот модел

За промена на изборниот модел не сме дискутирале со владиниот коалициски партнер СДСМ и цениме дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, потенцира денека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, одговорајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Денот на албанското знаме во плоштадот „Скендербег”.

– Сметаме дека прашањето за изборниот модел е тема за која потребен е поширок меѓупартиски консензус, затоа сметаме дека се почитуваат сите директиви и препораки на ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународната заедница – рече Ахмети.

Прашан зошто ДУИ е против да има само една изборна единица, Ахмети одговори дека тие заклучиле оти нема доволно време за дисикусија и за изработка на нови изборни правила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот