Ахмети се правда: Не сум ги обвинил телевизиите, ме иритира говорот на омраза на Македонците кон Албанците

Фото: Али Ахмети / Фејсбук

„Не сум ги обвинил телевизиите „Алфа“ и „Телма“. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ „Алфа“ од сограѓаните Македонци, кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземат државата, дека Македонија станува Албанија… сѐ до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи“, изјави вечерва претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, коментирајќи ја неговата вчерашна изјава во Гостивар, која предизвика остри реакции од новинарските здруженија.

Ахмети вчера ги прозва двете телевизии, нарекувајќи ги „непријатели на Албанците“, а на негова линија остана и премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска, запрашан за изјавата на коалицискиот партнер, исто така издвојуваше медиуми и ги коментираше нивните уредувачки политики, нарекувајќи го тоа „лично мислење за тоа како одредени медиуми за однесуваат“.

„Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ“, рече вечерва Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата” на Телевизија Клан.

Тој вели дека во ДУИ „нема криза, туку внатрепартиска дебата’. Потенцира дека со членовите на т.н. „Огнена група” немаат програмски разлики, туку дека „разликите се поради функции“.

– Во ДУИ нема криза. Има внатрешна дебата, која никогаш не сум ја цензурирал, ниту сум користел автократски средства за да го угушам различното мислење во ДУИ, но не и да се дозволи анархија бидејќи анархијата е штетна за сите. Нема програмско незадоволство, нема незадоволство околу визијата, едноставно „зошто е тој, а не јас”, зошто да е Хасан, а не Хисен, рече Ахмети.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица преговараат за да обезбедат мнозинство од 61 пратеник за, како што рече, „да ја закопаат ДУИ”.

На премиерот не му е работа да ја оценува уредувачката политика на медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот