Адеми од ДУИ е уверен дека има мнозинство во Собранието за да помине реконструкцијата на владата

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми, денеска во изјава за медиумите од Собранието изрази уверување дека владејачките партии имаат мнозинство од пратениците во Собранието за да биде изгласана реконструкцијата на владата.

-Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно, за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските процеси, особено забрзување на реформите во судството, правна држава, помоќни институции, пред се функционален Парламент. Нашата желба и нашата покана е за Алтернатива и за Беса и за сите други да се приклучат за создавање на заеднички европски фронт, рече Адеми.

Адеми додаде дека сите прашања што произлегуваат од процесот на склучените договори со Европската унија се и остануваат приоритет на ова парламентарно мнозинство, кое се проширува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот