Абрамович неколку часа бил без вид, а пред состанокот јадел само чоколадо

Роман Абрамович, екс газдата на лондонски Челси/Фото: EPA/ANDY RAIN

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека постојат сомневања дека рускиот олигарх бил отруен претходно овој месец по состанокот на кој се разговарало за мировни преговори со украинските преговарачи. Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.

Претходно, во извештајот на „Волстрит Џурнал“ и „Белингкет“ се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.

Се вели дека Абрамович е веќе добро, бидејќи инцидентот се случил пред неколку недели, и ќе продолжи со преговорите со украинските власти во обид да се стави крај на војната.

Блиски на Абрамович тврдат дека тој учествувал на неколку состаноци и работи само во свое име, откако беше соопштено дека од него била побарана помош.

Рускиот бизнисмен почнал да се чувствува лошо на почетокот на март додека учествувал на неформалните мировни преговори во Киев, изјавил извор за „Гардијан“.

Во преговорите учествувал и украинскиот пратеник Рустем Умеров, а мажите од Украина заминале во Полска, а потоа одлетале за Истанбул, каде што им била укажана лекарска помош.

„Тоа беше за време на неговото прво патување во Киев. Роман го загуби видот на неколку часа. Во Турција беа лекувани на клиника, заедно со Русите“, објаснил изворот на „Гардијан“.

По состанокот во главниот град на Украина, Абрамович, кој патувал меѓу Москва, Лавов и други места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот преговарачки тим, развиле симптоми како вцрвенети очи, постојано и болно солзење и лупење на кожата на лицето и рацете, објави Волстрит Журнал.

Од таму додаваат дека дека ваквите симптоми вклучуваат воспаление на очите и кожата односно продорна болка во очите.

„Тројцата мажи кои почувствувале симптоми консумирале само чоколадо и вода, неколку часови пред да се појават симптомите. Четвртиот член од тимот кој консумирал вода и чоколадо немал симптоми”, пишува Bellingcat.

Роман Абрамович и други биле отруени за време на руско-украинските преговори, пишува „Белингкет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот