Абидал открива како пропадна враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“

epa07866225 Picture made available 24 September 2019 of former Barcelona player Eric Abidal arriving for the Best FIFA Football Awards 2019 in Milan, Italy, 23 September 2019. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Поранешниот спортски директор на Барселона во мандатот на Хосеп Марија Бартомеу, открива нови детали од неговиот престој на „Камп Ноу“

Поранешниот прв оперативец на Барселона, Ерик Абидал, во интервју за британски „Телеграф“ открива како пропадна трансферот на Нејмар во 2019 година како и дека сакаше да ангажира друг тренер наместо Ернесто Валверде.
Абидал доби отказ минатата година веднаш откако беше шутнат тренерот Кике Сетиен, а сега за прв пат открива нови детали од неговата работа. Тој е убеден дека ќе успееше да го врати Нејмар во Барселона, доколку клубот претходно не се одлучи за Антоан Гризман.
– Пред крајот на летниот преоден рок отпатувавме во Париз за да преговараме за враќањето на Нејмар. Тој сакаше да се врати и ние работевме на тоа. Сигурен сум дека ќе успеевме во таа намера, доколку управата претходно не го донесе Гризман. На екипата и беше потребен крилен напаѓач, а претседателот Бартомеу се одлучи за Гризман. Еден од нивните аргименти беше дека Нејмар покрена судски спорт против Барселона, но вистината е дека трансферот на Гризман не оневозможи да го ангажираме Нејмаризјави Нејмар.

Абидал зборуваше и за поранешниот тренер Ернесто Валверде.
– Кон крајот на 2018 година по деталната анализа на ситуацијата во клубот, му реков на претседателот Бартомеу дека мора да го смениме Валверде, а тој ми одговори дека не е толку едноставно. Три месеци подоцна, Валверде доби нов договор, а набрзо доживеавме дебакл во Ливерпул. Јас сакав Маурицио Покетино да биде наш тренер, на управниот одбор му реков дека мора да го донесеме најдобриот тренер кој е на пазарот. Покетино го однесе Тотенхем во финалето на ЛШ, играчите го почитуваат, но добив одговор дека тој поранешен тренер на Еспањол. Мене таквата политика не ме интересираше и сметав дека тој беше идеалниот тренер во тие моменти. Покрај Покетино, на листата беа и Чави, Кике Сетиен и Масимилијано Алегри – додава Абидал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот