76-годишна жена е спасена од пожар во Прилеп

Седумдесет и шестгодишна жена е спасена од пожарот што избувнал во нејзината куќа околу 16 часот на улицата „Ристо Василески” број 10 во Прилеп.

Од куќата ја изнела нејзината сосетка кога видела густ чад од приземјето.

-Од соседната куќа ме викнаа дека има пожар и чад. Се стрчав и ја извадов жената надвор. Внатре се беше обвиено со чад. Не знам што се случило. Жената која има склероза само викаше дека телевизорот ќе и се запали. Се јавивме во противпожарната единица, тие веднаш дојдоа како и Итната помош, вели сосетката Катерина Гегоска.

Противпожарната единица веднаш реагирала. Пожарот за брзо е изгаснат кој, според првичните сознанија, избувнал во приземјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот