54-годишна жена почина од ковид во тетовската болница, хоспитализирани нови 16 пациенти

Тетовска болница. / Фото: МИА

Изминатата ноќ жена на возраст од 54 години починала во тетовското ковид одделение како последица од компликации од коронавирусот, потврди за „Слободен печат“ раководителот на ковид центарот во Тетово, доктор Гзим Нуредини.

Тој вели дека изминатото деноноќие имало 16 нови болнички приеми, со што бројот на хоспитализации се искачи на 51.

-Покрај ова имаме 118 амбулантски прегледи, вели доктор Нуредини.

Тетово урива рекорди: Се бара амбулантски преглед поради ковид симптоми, ама се кријат контактите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот