Прв разговор помеѓу Бајден и Нетанјаху по повеќе од еден месец

фото: EPA/biden-netanyahu

Новите случувања на релација Израел – Газа, вклучувајќи ја и ситуацијата во Рафа, напорите за зголемување на хуманитарната помош за Газа. Ова биле главните теми на кои разговарале Американскиот претседател Џо Бајден и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Белата куќа соопшти дека разговорот кој се случил во понеделникот, е прв разговор по повеќе од еден месец, во екот на зголемените тензии поради израелската офанзива во Газа.

Двајцата последен пат разговараа на 15 февруари, а Бајден е сè погласен во критиките кон Израел поради бројот на загинати Палестинците и страшната хуманитарна ситуација во Газа.

„Претседателот Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за новите случувања во Израел и Газа, вклучувајќи ја и ситуацијата во Рафа и напорите за зголемување на хуманитарната помош за Газа“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Нетанјаху го отфрли притисокот од Вашингтон велејќи, неодамна,  дека Израел ќе продолжи со планот за офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Газа за да се уништи Хамас, палестинска организација која САД и Европската унија (ЕУ) ја прогласија за терористичка организација.

Со предупредувањето од ОН за неизбежен глад во Газа, Бајден претходно овој месец и нареди на американската војска да започне со авионско фрлање храна во енклавата и испраќа американски сили да изградат пристаниште за привремена помош.

Во исто време, САД продолжуваат да доставуваат милијарди долари воена помош на Израел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот