Неверојатниот Харден го отпиша Сакраменто од плејфот
Џејмс Харден со новиот фантастичен натпревар во кој оствари трипл-дабл го отпиша Сакраменто од трката за плејофот и им направи услуга на Сан Антонио и Оклахома Сити.
Харден во победата на Хјустон од 119:108 имаше учинок од 50 поени, 11 скокови и 10 асистенции притоа постигнувајќи десет поени во низа за „ракетите“ во моментите кога се одлучуваше победникот.
Ова беше петти натпревар на кој Харден стигнува до трипл-дабл со 50 постигнати поени, категорија во која тој е најдобар во историјата на НБА-лигата и 18. меч со најмалку 50 постигнати поени, со што е на делба на четвртото место во НБА-историјата.
Поразот на Сакраменто ги однесе Сан Антонио и Оклахома сити во плејофот со што се познати сите осум учесници во разигрувањето за титулата во Западната конференција.
За Сан Антонио ова ќе биде 22 по ред учество во плејофот со што се израмни со Филаделфија
Резултати:
ЛА Клиперс – Кливленд 132: 108
Хјустон – Сакраменто 119: 108
Бруклин – Бостон 110: 96
Детроит – Портланд 99:90
Индијана – Орландо 116: 121
Њујорк – Мајами 92: 100
Чикаго – Торонто 101: 124
Минесота – Филаделфија 109: 118
Феникс – Мемфис 115: 120