
Зошто стјуардесите гледаат во вашите чевли кога се качувате во авионот
Кога влегуваат во авион и го бараат своето место, многу патници дури и не забележуваат дека кабинскиот персонал ги гледа нивните чевли. Како што пишува „9Травел“ (9Travel), тоа генерално има врска со безбедноста.
Препорачано
Џеси Чемберс, специјалист за патувања во компанијата „Глобал ворк енд травел“, рекла за „9Травел“ дека патниците со несоодветни обувки можат да бидат во опасност.
Обувките како што се високите потпетици, апостолките или сандалите се пречка во текот на евакуацијата – на пример, ако остатоците се на подот или ако треба да се користат тобогани за итните случаи.
„Стјуардесите водат сметка за тоа што носат патниците при качувањето во авионот“, рекла Чемберс.
Таа продолжила објаснувајќи дека ова е затоа што можеби ќе им треба помош во итните случаи, а добрите обувки се клучен фактор за ова.
„Цврстите обувки со затворени прсти како патиките се најдобриот избор. Лесни се за облекување и соблекување и обезбедуваат поддршка и заштита во случај на потенцијална евакуација.
Чемберс предупредила на уште една можност: секој што е бос во авионот – на пример, во тоалетот – ризикува инфекција.
„Никогаш не знаете што има на подот“, рекла таа и препорачала во авионот да носите влечки за еднократна употреба.
Но, не станува збор само за итни случаи. Стјуардесите размислуваат и за потенцијалните здравствени проблеми – како што се отечени стапала и лоша циркулација.
„Разликата во воздушниот притисок во авионот во споредба со нивото на морето значи дека постои поголем ризик од венска тромбоза, што се влошува кога носите високи потпетици или тесни чевли“, рекла поранешната стјуардеса Кристин Екштајн-Ника за „Ридерс дајџест“ (Reader’s Digest).