Зошто има толку многу штрајкови во Германија?

Штрајк на транспортот во Германија / Фото ЕPA-EFE/CLEMENS BILAN

Бранот штрајкови го запре животот во Германија во последниве недели, додека најголемата европска економија се бори со ниските нивоа на економски раст и потрошувачите ја чувствуваат високата инфлација. Железничарите, возачите на автобуси и аеродромците штрајкуваа еден по друг, преговарајќи за нивните плати во земја која вообичаено се гордее со добрите услови за работа.

Поради последниот штрајк на вработените на аеродромот, Луфтханза мораше да откаже девет од десет летови во средата.

Кога почнаа штрајковите?

Германија е сведок на незадоволство на работниците од крајот на 2022 година, а платите во земјата се намалени за четири отсто од почетокот на руската инвазија на Украина, анализира Хина.

Дел од секторот минатата година доби покачувања, понекогаш и до 10 отсто, но новите зголемувања не ги намалија тензиите предизвикани од инфлацијата, која лани достигна 5,3 отсто.

Притисокот на високите цени влијаеше на преговорите за платите и доведе до ширење на штрајковите.

„Синдикатите беа поспремни за компромис за време на пандемијата на коронавирус. Тоа е готово“.

Германија историски е европска земја каде работниците штрајкуваат најмалку. Помеѓу 2012 и 2021 година, само 18 од секои 1.000 работни дена биле нарушени поради штрајкови, во споредба со 92 во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот