Значаен пад на бројот на смртни случаи во Италија – денеска починаа 174 лица

ФОТО: MATTEO CORNER / EPA

Од почетокот на епидемиајта починаа вкупно 28.884 лица, а се заразаија 219.717 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Во Италија денеска починаа 174 лица од коронавирус, што е за 300 помалку од вчера и најмал број смртни случаи на дневно ниво уште од 10. март.

Бројот на нови случаи е 1.389, што е исто така значителен пад во однос на претходните денови, пренесува Ројтерс. Овие податоци охрабруваат, а Италија се подготувува за утрешното постепено попултање на осумнеделниот карантин.

Од почетокот на епидемиајта починаа вкупно 28.884 лица, а се заразаија 219.717 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот